Американскиот актер почина пред пет месеци по долгата борба со ракот. Последните денови од својот живот ги поминал со сопругата Лиса Ниеми ма својот ранч во Ново Мексико. Неодамна се појавиле наводи дека неговата вдовица ќе го продаде ранчот. Наводно тоа ќе го стори бидејќи не може сама да живее на толку голем имот.
Еден нејзин пријател открил дека многу спомени ја врзуваат за ранчот, но повеќе не може да поднесе да живее на местото во кое и починал сопругот. Биле во брак 34 години,а по неговата смрт таа била многу тажна.