Вчерашното невреме и постојаните врнежи од дожд, за среќа, не предизвикаа поголеми штети во градот и околината.

Од регионалното одделение при Дирекцијата за управување со кризи информираат дека освен вчерашниот неколку часовен прекин на напојување со електрична енергија, до нив не се пријавени случаи на поплави или било какви оштетувања на имоти, како последица од невремето. 


Како превенција од поплави во текот на летниот период започна акција за чистење на речните корита, која продолжи и во текот на овој месец. Од Дирекцијата за управување со кризи напоменуваат дека единствено правилно решение со цел во иднина да се избегнат   поплави во одредени градски подрачја е системско чистење на коритата на реките и одводните канали.

OhridNews