Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вчера вкупно се вакцинирале 17.427 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.732 граѓани. Вкупно се аплицирани 1.097.855 дози вакцини, а ревакцинирани се 485.464 граѓани.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 66% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. 62% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина. 53% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, велат од Министерство за здравство.
OhridNews