Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Прва доза вакцина вчера примиле 3.993 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.137 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 958.742 дози вакцини, а ревакцинирани се 425.356 граѓани.
Според податоците 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 58% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, велат од Министерството за здравство.
Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација и на децата.
OhridNews