Искусниот англиски стручњак Сем Алардајс останува со позитивен биланс во дуелите со Јирген Клоп, откако составот на Вест Бромвич Албион освои бод на „Енфилд“, ремизирајќи 1-1 со актуелниот првак Ливерпул.
„Црвените“ со ремито против ВБА испуштија добра прилика да се одлепат на врвот од табелата во англиската Премиер лига, откако поголем дел од ривалите ремизираа или изгубија.
Ливерпул со тотална офанзивна го започна мечот. Таквата игра вроди со плод во 11-та минута кога Садио Мане погоди за почетно водство. Ливерпул продолжи со доминатната игра, но не успеа да постигне втор погодок во првиот дел. Во второто полувреме ВБА беше нешто поконкретна и креираше неколку прилики. Околу 80-та минута ВБА изедначи. Највисок во скокот после корнер беше Семи Ајави кој со глава го совлада Бекер. „Црвените“ нападнаа во завршните десеттина минути, но гостинскиот голман Сем Џонстон со неколку бравурозни интервенции не дозволи нова предност на домаќините.
Рундата на „Боксинг деј“ ќе се комплетира со дуелот Вулверхемптон – Тотенхем.
OhridNews