Кинеска вазна, со мотиви на свеќа и птици, чија почетна цена изнесувала само 800 долари, била продадена на аукција во Њујорк за дури 17,6 милиони долари, соопштиле англиските медиуми.


Повеќе од седум лица лицитирале за вазната, која според проценките на аукциската куќа датирала од почетокот на 20 век, иако поедини експерти сметаат дека е многу постара. Вазната во САД ја донел кинески дилер со уметнички дела откако во 1950 година емигрирал од Кина.