Еден постар брачен пар од Велика Британија веќе 50 години поседува кинеска вазна стара 270 години која вреди околу половина милион евра, а ја користеле за чување чадори. Ја чувале со години, а не знаеле дека вреди повеќе од куќата во која живеат. Ја добиле на подарок, а доколку ја продадат можат да си го променат животот.
Доколку не била оштетена, нејзината цена би била уште поголема. Цртежите на порцеланската вазна прикажувале планина со стебла и куќа. Не е познато како вазната стигнала во државата, но ја поврзуваат со градот Хемпшир и семејството Флоренс Најтингел. Трговецот со порцелан, Стјуарт Марчант од Лондон, рекол дека побарувачката за неа ќе биде многу голема кога ќе ја стават на аукција.