Футсал лигата во спортско рекреативниот центар Климент Колески во согласност со екипите учесници претрпе одредени измени во форматот на натпреварувањето.


Место двокружен систем (дома-гости), мечевите ќе се играат еднокружно, а потоа најдобрите осум екипи ќе играат нокаут натпревари за првата позиција.

Екипите од 9-то до 16-то место на табелата исто така ќе играат нокаут натпревари, но наградите за победниците ќе бидат помали во однос на првите осум на табелата.

Во елиминациските натпревари екипите нема да имаат право на џокери туку ќе се натпреваруваат со играчите пријавени пред почетокот на сезоната.

Во футсал лигата викендов што измина се одигра 13-та рунда, а до крајот на првенството остануваат уште шест кола по кои ќе се дознае победникот на првото издание.

Резултати од тринаесеттата рунда во футсал лигата во Климент Колески

OhridNews