Ракометниот клуб Струга во соработка со охридскиот ракометен клуб обезбедија билети и посебна трибина во СРЦ „Тими“ за неутралните љубители на ракометот од Охрид и навивачката група „Рибари“.
Северната трибина која е поблиску до главниот пат Охрид – Струга ќе биде отстапена исклучиво за охриѓани. Билетите ќе се продаваат пред самиот влез во салата по цена од 100 денари.
Домаќините апелираат до сите заинтересирани да дојдат порано и спортски да се однесуваат на трибините и да допринесат „Езерското“ дерби да помине во знакот на ракометот.
Пресметката помеѓу Струга и Охрид ќе се одигра в сабота со почеток во 19 часот во првата рунда од втората полусезона во Супер лигата.
OhridNews