Ватикан наскоро ќе има сопствен канал на интернет страницата „YouTube“ и таму католиците и останатите заинтересирани ќе можат да го гледаат папата Бенедикт XVI и многу црквени случувања.
Детали од договорот ќе бидат објавени в петок на конференцијата за новинари, на која покрај службениците од Ватикан ќе присуствува и директорот на Гугл, Хенри Де Кастро.
Во новиот канал ќе учествуваат Гугл, ватиканскиот телевизиски центар и ватиканското радио, а станува збор за досега најголемиот скок на Ватикан на полето на новите технологии. Сопствената интернет страница www.vatican.va, Ватикан ја има од 1995 година.