Како што пренесува „Макфакс“, се работи за 100 тајни документи кои опфаќаат 1.200 години историја на Светата столица и се дел од богатата архива која ја распали фантазијата на писателот Ден Браун, автор на романот “Кодот на Давинчи”, според кој е снимен филмот “Ангели и демони”.
На изложбата во Ватикан е изложен 400 години стар запис од судењето на Галилео Галилеј пред инквизицијата поради неговата теорија дека Земјата се врти околу Сонцето.
Посетителите може да видат дали во тие писанија има тајни кодови и пораки. Исто така се презентирани и документи со кои во 16 век Католичката црква го ексомуницирала германскиот реформатор Мартин Лутер.
Прв пат е изложено писмо на англиски благородник од 1530 година во кое од папата Клемент Седми бара итно да го поништи бракот на Хенри Осми со неговата прва жена Катерина од Арагон како би можел кралот да се ожени со љубовницата Ана Волен.
извор: „Макфакс“