Тренерот на англискиот фудбалски прволигаш Ватфорд, Ксиско Муњоз, е разрешен од должноста поради незадоволителни резултати, соопшти денеска премиерлигашот.

Муњоз замина од местото тренер оставајќи го Ватфорд 14-то пласиран на табелата, забележувајќи четири порази на последните шест натпревари, вклучувајќи го и вчерашниот од Лидс (1-0).

Клупското раководство е на став дека негативните резултати укажуваат на негативен тренд во момент кога кохезијата на екипата треба да биде видливо променета, се наведува во клупското соопштение.

Ова е 16. тренерска смена во последните 11. сезони на клупата на Ватфорд, чиј претседател долги години беше пејачот Елтон Џон.

OhridNews