Фудбалерите на Ливерпул се на добар пат да ја освојат титулата во Премиер лигата, но тоа нема да се случи без пораз. Импозатната серија на „црвените“ од Енфилд заврши на гостувањето кај Ватфорд кој славеше со високи 3-0. После поразот на Ливерпул, тимот на Арсенал останува единствен во ерата на англискиот фудбал кој титула освоил без ниту еден пораз.

  • Резултатите и рекордите доаѓаат со добра игра. Едноставно, ние не бевме доволно добри. Противникот направи се што сакаше, а ние не направиме што требаше. Првото полувреме помина во многу трчање, со неколку добри ситуација но без додавање во вистинско време. Се поправивме во второто полувреме но противникот реализираше два погодоци. Продолживме со нашата игра, креиравме прилики но не бевме на потребното ниво. Не ми останува ништо друго освен да му честитам на Ватфорд за играта и победата. – изјави Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул.

Поразот и падот во формата доаѓаат во лош момент за Ливерпул. „Црвените“ ги очекува реванш против Атлетико Мадрид во Лигата на Шампиони. Англискиот премиерлигаш на домашен терен треба да ја надополни минималната негатива од 1-0 во првиот натпревар.

OhridNews