Со одигрување на ревијалниот натпревар во ватерполо помеѓу екипите на Охрид и Струга, викендов, се затвори летната сезона 2014 на отворениот градски базен „Атина Бојаџи“

ЈП Билјанини Извори и оваа година како субјект кој стопанисува со градскиот базен се потруди во рамките на своите можности на граѓаните да им понуди многу спортски соджини и настани кои од година во година се повеќе ја збогатуваат понудата за сите граѓани на Охрид како и за сите гости во Охрид.-велат од јавното претпријатие.

ЈП Билјанини Извори изрази благодарност на сите рекреативни корисници на градскиот базен, на сите пливачки школи и клубови најави дека наредната сезона ќе понуди повеќе содржини и настани.

OhridNews