В сабота и в недела на градското пристаниште Клубот за спортови на вода „Охридски Бранови“ ќе организира ватерполо турнир со хуманитарен карактер. На турнирот ќе учествуваат Вардар, Студент и Младост од Скопје, Струга од  Струга, Челични од Штип и Охридски бранови од Охрид.

  • Овој турнир го организираме се со цел да иницираме враќање на летното пливашите кое многу му фали на градот.  На летното пливалиште кое се наоѓаше пред Хотелот Палас се одржуваа турнири во ватерпол, пливање и сите спортови кои се поврзани со вода. – изјави Кочо Паскали.

Клубот за спортови на вода „Охридски бранови“ поддршка во организацијата на ватерполо турнир доби од Општина Охрид.

  • Оддолението за спорт во Општина Охрид секогаш се ангажира за развој за спортот во нашиот град. На големиот празник се одлучивме да поддржиме ватерполо кој своевремено беше најатрактивен и прв избор на младите во Охрид. – рече Ванчо Јованоски преставник од Општина Охрид.

В сабота ватерполо турнирот започнува во 16 часот, додека в недела возбудувањата во Охридското езеро ќе започна точно на пладне.

OhridNews