Пливачката Федерација на Македонија официјално го потврди учеството на Македонската ватерполо репрезентација на квалификациониот турнир за Олимпијадата 2012 во Лондон. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Едмонтон, Канада, од 1-ви до 8-ми Април.
Македонија ја прифати понудата да учествува на турнирот, откако настапот во Едмонтот го откажа ватерполо репрезентацијата на Нов Зеланд. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 19-ти Февруари во Лондон, Велика Британија.
Од европските репрезентации учество во Едмонтон обезбедија: Црна Гора, Германија, Грција, Шпанија и Романија. На квалификациите ќе учествуваат уште: Канада (домаќин), Бразил и Куба од Пан Американските игри и Кина и Јапонија од Азиските игри.
Во првата недела на април, дванаесет екипи ќе се борат за првите четири позиции кои водат на Олимписките игри во Лондон 2012.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com