Македонската ватерполо репрезентација со триумф од 11-6 над домаќинот Турција го отвори турнирот “Митхат Хантал 2012“. Покрај Македонија и Турција, на подготвителниот турнир пред стартот на
ЕП, учествуваат уште Романија и Холандија. Во меѓусебниот дуел на овие
две репрезентации Романија победи со 14:6.
“Црвено жолтите“ денеска го играат вториот натпревар на турнирот со Холандија кој е противник на Македонија на ЕП. Европското првенство започнува на 16 јануари токму во Холандија.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com