Викендов, на Градското пристаниште во Охрид, во чест на независноста на нашата земја ќе се одржи турнир во ватерполо.

Со годинешниот турнир се продолжува ницијативата од минатата година, која има за цел да се развие овој, некогаш многу популарен спорт во Охрид.

На Градското пристаниште ќе продефилираат екипи од  Холандија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Србија, како и
екипата на ветераните од „Охридски бранови“ – Охрид, Штип, Струга и Вардар.

OhridNews