Стратегот на „црвено црните“, Александар Васоски доби суспензија од два натпревари за исклучувањето на мечот помеѓу Струга Трим Лум и Вардар одигран изминатиов викенд на Градскиот стадион во Струга.

Васоски долго и негодуваше на судиската четворка на чело со Васко Мавров за ситуација во првиот дел кога не очигледен пенал за Вардар според судиите претходела офсајд ситуацијата.

„Вардарци“ без Васоски на клупата во продолжението од мечот изгубија 2-1 и втор пат сезонава го почуствуваа горчливиот вкус на поразот.

OhridNews