За 4 отсто е поголема излезеност во вториот круг за претседателски избори до 13 часот во Охрид споредбено со првиот круг информира заменик претседателот на ОИК Охрид, Предраг Васојевиќ.
До 13 часот излезеноста за претседателските избори е 27,75%, додека во првиот круг излезеноста беше 23,82%. За парламентарните избори излезеноста до 13 часот е 27,85%. За разлика од првиот круг за претседателските избори, податоците до 9 и 11 часот покажуваат за 1 до 1,5 отсто повеќе излезеност. Според Законот за да бидат успешни претседателските избори излезеноста треба да биде над 40% на ниво на држава. Сите 87 избирачки места се отворени навремено. На едно избирачко место имаше мал технички проблем кој се надмина и се премина на класично гласање со УВ ламба и спреј, потенцира Васојевиќ.
Во Охрид во Избирачкиот список запишани се 51.717 избирачи за претседателските и 51.865 лица за парламентарните избори.
Н.С.Ј.
видео/фото. Б. Стојаноски