Според Васкопулос преговорите во наметнатиот спор за името всушност се клучнатта битка за зачувување на идентитет на македонскиот народ. Тој смета дека е добро што македонската држава за прв пат од почетокот на преговорите го покрена прашањето за статусот на македонското малцинство и враќањето на имотите на раселените Македонци од Грција, но според него тие прашање не треба да останат само во рамки на билатералниот спор туку мора пошироко да се актуелизираат.
Васкопулос вели дека агресивната националистичка политика што ја води Грција, не е само антимакедонска туку и антиамериканска и антиевропска. Според него Македонија како модерна држава не треба решението на проблемот да го бара во минатото како што тоа го прави Грција, туку со демократски средства во меѓународните институции…
Павле Васкопулос присуствуваше на отворањето на Охридско лето, а престојот во Охрид го искористи за средби со претствници на меѓународната заедница и дипломати.