Капитенот на репрезентацијата на Црна Гора, Васко Шеваљевиќ е нов ракометар на Вардар. 32-годишниот Црногорец во Скопје доаѓа од француски Истр.
Шеваљевиќ игра на левата бековска позиција и треба да биде големо засилување за предводникот на Вардар, Стефче Алушовски. Новиот ракометар со скопските „црвено црни“ потпиша договор на година и половина.
Претседателот на Вардар, Михајло Михајлоски, смета дека доведувањето на Шеваљевиќ бил неопходен потег за остварување на зацртаните цели во тековната сезона.
Со неговото ангажирање сметаме дека ќе бидеме уште поконкурентни во продолжението на сезоната и ќе ги оствариме нашите цели, а тоа е четвртфинале на Лигата на шампионите, Ф4 во СЕХА лигата и титулата во домашното првенство. – изјави Михајлоски.
Вардар мечевите во Новата 2021 година ги започнува денеска, со дуелот против Војводина во регионалната СЕХА лига.
OhridNews