Со своите соседи, роднини и пријатели, охриѓани во маалата покрај оган или во домашна атмосфера ја слават Василица.
На софрите вообичаено има ѓомлезе, месо, колбаси, греана ракија и црвено вино.
Традиционално се бара паричката во топејнца, пита или лепче. На тој што ќе му падне се верува дека ќе го прати среќа цела година.
Весело вечерва беше и на “Мирче Ацев”. Станарите од зградата 31, некогаш позната како “Сојуз на борци” покрај василичарски оган со музика го одбележаа празникот. На паричкта, традиционално, се израдуваа најмладите.
Освен маалското собирање и палење на огнови, во очи на овој голем празник, многу охридски друштва практикуваат заеднички прослави, кумство и делење на пита со паричка. Исто така младите деца одат од врата на врата и ја честитаат Новата Година со песна, а домаќинките ги честат со овошје, благо и парички.
Г.М.