Празникот Василица, или Стара Нова година, која се слави според јулијалнскиот календар, има посебно значење за охриѓани и регионот. Tие секогаш посебно се подготвуваат за празникот кој е мешавина од стари обичаи и верувања, а дел од нив, како што е маскирањето, потекнуваат уште од паганско време. Една таква традиција која несомнено е најпозната не само во земјата, туку и надвор од неа е и Карневалот во Вевчани. И годинава вевчански подготвуваат богата културно – забавна програма за гостите која почнува вечерва, додека маските кои ќе продефилираат утре после пладне низ вевчанските маала се држат во најголема тајност.
За Василица се подготвуваат и охриѓани, кои традиционално овој ден го минуваат во кругот на семејствата и пријателите, како и во маалата покрав Василичарските огнови. Годинава општината нема да ја поддржи оваа традиција. Во духот на борбата против загадувањето на воздухот, локалната самоуправа апелираше до граѓаните да се воздржат од палење василичарски огнови на отворено, што предизвика различни реакции на социјалните мрежи, од одобрување до спротиставување.
За Василица подготвени се и охридските кафулиња и ресторани.
Во ресторанот „Далга“ на 13 јануари ќе може да се ужива во специјално празнично мени по специјална цена од само 600 денари.
Празнично мени за Василица подготви и ресторанот Бонанца. По тој повод целото мени е на попуст од 20%, а за забавата ќе се погрижи жива музика.
За Василица многу друштва негуваат традиција на дружење, споделувајќи заеднички моменти долги години. За што и да се одлучите, имајте среќни празнични мигови.
За многу години!
OhridNews