Со време од 33.13.71 Никола Василевски прв ја мина целта на 36-то издание на Илиндескиот пливачки маратон. Тој минатата година победи во конкуренцијата под 16 години додека оваа успеа да биде прв во сениорска конкуренција.


– Трката беше доста возбудлива, мали ситници решаваа околу победникот. Водата беше мирна и се на се имавме одлична трка. – кратко прокоментира по завршувањето на трката Василевски.

Членот на скопскиот клуб Орион следната година најави дека ќе учествува на Охридскиот пливачки маратон кој се одржува пред крајот на летото во рамките од Гран при серијата на ФИНА.

– Годинава не можам бидејќи тој период имам настап во Пескара, Италија, но следната година ветувам дека ќе бидам дел од големиот маратон. До тогаш ќе имам многу време за подготовки и се надевам дека ќе го завршам што ќе биде голем дострел за моите години и можности. – заврши победникот на „малиот“ маратон.

На традиоциоалниот Илиндески маратон учествуваа 34 пливачи од 14 клубови ширум земјава.

Мх.П.