Александар Василев стави точка на фудбалската кариера и ќе се насочи кон тренерската професија. 34-годишниот стопер кој беше дел од охридскиот фудбалски клуб му се приклучи на Милков Ване во стручниот штаб во Беласица.
Благодарност до управата на Беласица, претседателот и шефот на стручниот штаб за укажаната прилика. Ми претставува голема чест, задоволство и привилегија да се биде дел од овој стручен штаб и клуб, каде ја започнав мојата фудбалска кариера. Сега почнувам друга кариера и се надевам на успех со клубот и секаде каде ќе бидам ангажиран. – изјави Василев.
Низ текот на кариерата Василев настапуваше за голем број на екипи ширум Македонија, а авантури имаше и надвор од нашата земја.
OhridNews