Скопјанецот Васил Пеевски е бармен шампион на Македонија втора година по ред, откако победи на деветтото издание на Vigor Barmen Cup што се одржа вчера во кафе барот„Министерство“ во Куманово. Првото место Васил Пеевски го освои со неговиот коктел „Hubba Bubba“.Второто и третото место им припаднаа на охриѓаните Славчо Мирчевски(со коктелот „Ruby Star“) и Даниел Новиќ (со коктелот кој го носеше името на летниот хит „Despacito“).

За најатрактивен коктел беше избран коктелот „Yoovah“ на Владимир Димковскиод Куманово, а за најдобра стручна работа коктелот „Keep the Secret“на Мики Пецовод Кочани.

За време на натпреварувањето публиката имаше можност да ги дегустира подготвените коктели. Водителот Сашко Коцев, освен што беше задолжен за да ги бодри натпреварувачите и да ги забавува гостите, одлучи и самиот да ги испроба своите способности за подготовка на коктел.

Овој натпревар има за цел подигнувањето на коктел културата во Македонија на врвно ниво. 

OhridNews