Успешно деби во нациноналниот дрес имаше натурализираниот македонец Дариус Вашингтон. За 18 минути минати на паркетот Вашингтон постигна 14 поени, со шут 1/3 за два, 4/4 за три а придодаде и три скока и четири асистенции.
– Во периодот кој следи ќе го извлечам најдоброто од себе за да влезам во тимот за Полска. Ке се обидам да ја забрзам играта , да ги натерам момците да се растрчаат по теренот – истакна Вашингтон
Вашингтон има доволно време да го убеди селекторот Арсиќ дека тој е човекот кој му треба за ЕП во Полска. Според него одлична можност е за секој играч да се игра на големо натпреварување како што е и Европското Првенство во Полска.
– Играњето на европското првенстово за Македонија лично за мене би преставувало голема чест и привилегија. Тоа е добра можност да се покажат вистинските квалитети, но и можност со селекцијата на Македонија еден ден да стигнам и до олимписките игри – рече Вашингтон
Тој е само еден викенд во Македонија и се уште нема научено ниту еден македонски збор. Она што го забележел во овие неколке дена ден , е дека луѓето во се многу пријателски расположени, што во голема мера му помага да се прилагоди на условите.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com