Поточно, јас потекнувам од едно село реткост во Македонија не само по името туку и по географска положба. Селото  се наоѓа 21км северозападно од Охрид на 1080 м.н.в. и со свое специфично име КУРАТИЦА(КУРАЈЦА) .

Работам во Швајцарија и Македонија. Некаде пред конфликтот во 2001-вата , додека се занимавав на интернет (во викенди) решив да направам една како веб страница со податоци за моето село. Бидна што бидна и направив некаква си веб страница http://www.kuratica.tripod.com/. И така се си беше нормално до ова лето кага стана ненормално.Решивме на еден состанок на СМЗ Куратица да направиме официјална веб страница за КУРАТИЦА со повеке податоци. Седнувам еден ден на компјутер и одам на интернет да го регистрирам официјално името на нашата веб страница http://www.kuratica.com/  Пробав еднаш -два-три-четири…  И којзнае колку пати  ми кажува тоа име веке постои. Хм си викам што му е на овие , дај да видам што е работата со имево. Пробувам и што ќе видам. На нашите јужни соседи им текнало посегнале и по името на едно село Куратица.

И  ете незнам што толку им дојде на ум баш името на нашето село да ни го одземат  или многу им се бендиса КУРАТИЦА или незнам што. Дали се испровоцирани во 2003-тата кога на нашата страница беше објавено ова знаме  за 100 год Илинден.

Сепак имаме друга варијанта ќе ставиме веб страницата да се вика КУРАЈЦА. И онака и по тоа име сме познати. Можеби еден ден ќе ни дојдат  гости од Грција (како холанѓаните) па штом ги „повозиме“ на магарињата  сами ќе видат кај се наоѓа Куратица и  кое е востинското.

Совет на МЗ с.Куратица
 Горан  Ангелоски 
[email protected]
www.kuratica.tripod.com