Жителите од Варош се против идејата за издавање на градските плажи Сараиште, Потпеш и Канео под концесија. Ова тие јавно и` го соопштија на локалната самоуправа, на состанокот на МЗ Стар град на кој присуствуваше и градоначалникот Александар Петрески.

„Плажите во стариот дел на градот треба само да се уредат и да бидат ставени во служба на граѓаните, бидејки доколку се издадт и некој стопанисува со нив, тогаш ќе се наруши не само изгледот на стариот дел на градот туку ќе заврши и функцијата на тие плажи“, смета Илче Каневче. Според кого издавањето на плажите под концесија негативно ќе влијае и на туризмот, бидејќи гостите кои се сместуваат во стариот дел на Охрид не ќе можат да користат слободни плажи.


Не ги даваат плажите – жителите од МЗ Стар град

Варошани и предложија на локалната сасмоуправа да и платат одреден надоместок и да ја преземат одговорноста за уредување на плажите во стариот дел на Охрид, само тие да не се комерцијалиозираат. „Ние ионака досега сами ги одржувавме тие плажи“, вели Илија Рупе, според кого издавањето на плажите во стариот дел на Охрид не е добро затоа што целиот Варош гравитира кон тој простор.


На локалната и` беше “жешко“ на трибината

Градоначалникот Петрески вели дека надоместокот не е клучната причина за издавање на градските плажи. Тој објаснува дека за плажите во стариот дел на градот сеуште нема одлука како и на кој начин ќе се стопанисува и дека тоа ќе се утврди по  на средбата помеѓу претставници на министерството за транспорт и секторот за урбанизам што се одржува во Скопје.

На средбата со локалната жителите од МЗ Стар град ги отворија и прашањата за режимот на сообраќај, бучавоста и работното време на кафулињата. Локалната вети дека сите забелешки на варошани околу овие прашања сериозно ќе ги земе во предвид при донесувањето одлуките за што дискусија ќе се води и во текот на јавната расправа.

Г. Момироски