Убедливо , но не така лесно кошаркарите на АМАК СП стигнаа до првата победа во новото првенство совладувајки ја екипата на Вардар.Натпреварот покрај малиот број на поени го одбележа и непостојаноста во играта на двете екипи .
Во грч го започна мечот домаќините ,а гостите по серијата на Даскаловски по 5 мин игра имаа 10-2 .По првата пауза за пресврт се погрижи О Нил Корд кој ги врати белите во игра а со поените на Фрај минимално водство на АМАК по првиот период. Во исто темпо започна и вториот, а вардарци немаа решение за америчката комбинација во охридските редови достигнувајки + 5 (28-23) . Но место да го “тушираат “противникот домашните се опуштија и старите “волци“ ја зедоа работата во свои раце го наметнаа своето темпо па на полувреме се замина со +2 Вардар.
Заморот полеке ги стигна двете екипи ,а таквата игра во голема мера им одговараше на скопјани кои преку Блажевски се одржуваа во водство. Загрижувачки за Охриѓани беше и повредата на О Нил кој мораше да ја напушти играта предвреме. Но токму таа повреда направи место за Вегов кој одговори со стил, две тројки во серија ,положување и дополнително.Пеколен финиш и со серија од 11-3 по три периоди игра повторно домашните во предност.
Во последниот период се разбуди и Тасески кој асистираше а Вегов погодуваше , немаа Вардарци одговор за дуото Тасески – Вегов па белите со 11-0 серија стигнаа до највискоката предност 59-46.Следуваше повторно опуштање а натпреварот лесно можеше да се врати во неизвеснот благодарение на Нури кој со две тројки по ред ги врати скопјани во игра,но истиот играч на 90 сек пред крајот направи фаул ,протестираше па доби техничка што во голема мера ги растерети и им овозможи на охриѓани без проблеми да го приведат натпреварот до крајот .
АМАК СП – Вардар О. 69:59 (17-16 , 14-17 , 17 -13 , 21 – 13)
На останите натпревари во вторто коло:
Маврово – МЗТ Скопје 72:90
К.Соколи 2000 – Фени И. 60:79
Свислајон Пелистер – Струмица 86:87
Фершпед Работнички (слободен)