Македонскиот преставник во Лигата на Шампиони, ЖРК Вардар направи крупен чекор кон обезбедување на пласман во Ф4 победувајќи го Ѓер со 24-18 (14-10).
„Црвено црните“ одиграа како во транс и му одржаа вистински час по модерен ракомет на Европскиот првак во првиот четвртфинален натпревар, кој се одигра во „Јане Сандаски“.
Натпревар за паметење имаше Ина Суслина на голот собирајќи 15 успешни интервенции, а за седмерците задолжена беше Амандин Лејно, која скроти дури три удари.
Во листата на стрелци предничеа Јованка Радичевиќ со седум голови и Андреа Пенезиќ со пет погодоци.
Мх.П.