Женскиот ракометен првак во Македонија, Вардар в петок во 20:30 часот во Скопје против составот на Ференцварош ги започнуваат мечевите во Лигата на Шампиони.


И сезонава како и минатите „црвено црните“ ја започнуваат со голем ентузијазам и надеж дека конечно ќе дојдат до завршниот меч на фајнлфор турнирот во Будимпешта.

– Како тренер на Вардар можам да кажам дека сум задоволна од девојките како работеа и колку вложуваат на тренинзите, затоа се надевам дека тоа ќе го пренесат на натпреварот во петок што со нетрпение го очекуваме. Им кажав на девојките дека сите со нетрпение го очекуваме тој петок, но не смееме да изгориме во нашата желба.  На отворањето на минатата година изгубивме од Ѓер, и беше лош натпревар, се надевам дека ќе ја поправиме сликата за нашите почетоци на сезоната. Се подготвуваме за ФТЦ, не само преку гледање видео, туку и на самиот тренинг. Новите девојки лесно се вклопија во тимот, единствен проблем е што имаме малку контролни натпревари, но не смееме да бараме изговор во тоа. Нема да можеме да сметаме на Лекиќ и Кликовац на овој дуел, но останатите девојки се подготвени да дадат се од себе на првиот дуел, и ќе биде уживање за сите оние што ќе дојдат да не бодрат. – изјави Индира Кастратовиќ.

„Вардарки“ со нетрпение го очекуваат првиот меч во Европа сезонава, а романските ракометарки се противник по мерка.

– Конечно го дочекавме денот до почетокот на ЛШ, бидејќи знаете тешко е кога само тренирате, а дури за месец или два почнува силно натпреварување. За нас секоја година првиот меч секогаш е тежок со оглед на тоа што немаме силни натпревари, и силна лига, за да знаеме во каква форма сме, но тоа не ни дава за право да не дадеме сè од себе и во петок да излеземе уште од самиот почеток да бидеме максимално ангажирани, и на самото загревање противникот да види во нашите очи дека нема што да бара против нас. Верувам дека сме подготвени, добро трениравме и новите ракометарки добро се вклопија, и од првиот меч ќе покажеме каков треба да биде Вардар, и верувам во тоа. Ракометарките на ФТЦ се во натпреварувачка форма, играат секоја среда и недела натпревар, нема да ни биде лесно, но мора да испочитуваме се што бара тренерот од нас. мора да се справиме со нив. Верувам во победа, ги повикувам сите навиачи да дојдат во што поголем број, ќе биде празник на ракометот, бидејќи ова го чекаме долго долго време. – потенцираше Јованка Радичевиќ.

Поради повреда на теренот ќе ги нема Андреа Лекиќ и Андреа Кликовац, но шанса за деби ќе имаат новите ракометните имиња во екипата.

Покрај тимот од Романија во групата со Вардар се наоѓаат екипите на Лајпциг и Астраханочка.

OhridNews