Ракометарката на Вардар, Андреа Лекиќ имаше успешна операција на менискуот на левото колено.


Операцијата мина во најдобар ред и пред неа сега претстои периодот на рехабилитација. Се работи за хируршки зафат кој би требало да ја одвои од натпреварите во период од четири до шест недели.

При првата контрола ќе се има увид во текот на рехабилитацијата и кога би можела да почне со полесни тренинзи.

Лекиќ ќе го прошути почетокот на новатат сезона во Лигата на шампионките, односно првите два мече кои Вардар ќе ги одигра против Ференцварош (14.октомври во Скопје) и Лајпциг (21.октомври во Лајпциг).

„Макфакс“
OhridNews