Македонската женска ракометна репрезентација загуби (29-20) од екипата на Вардар во контролниот натпревар кој го одиграа во спортската арена „Јане Сандански“.


Избраничките на новиот селектор Симе Симовски одиграа солиден натпревар против „црвено црните“ кои во составот ги немаа Андреа Лекиќ, Андреа Пенезиќ и Сираба Дембеле.

Вардар во финишот од првиот дел го разби бедемот на македонската репрезентација откако со серија од 3-0 се одлепи на 10-7. Во вториот дел репрезентативките неможеаја да го издржат на „вардарки“ и претрпеа пораз 29-20.

„Црвено жолтите“ со мечот против македонскиот првак ги финишираат подготовките за престојните натпревари со Црна Гора и Хрватска во квалификациите за Европското првенство следната година.

Ohridnews