Во манир на вистински шампион, Вардар, почна да се екипира и да се грижи за изгледот на ростерот за следнатата сезона која ќе биде исполнета со многу предизвици. „Црвено црните“ на некој начин тргнуваат од почеток и прво што треба и мора да го решат е прашањето околу тренерот откако Гарсија Парондо заминува на кормилото од Египет.

Прв избор за нов тренер на Вардар е Словенецот Урош Зорман а како втора опција се вбројува поранешниот тренер на „црвено црните“, Веселин Вујовиќ. Интересот на Вардар за Зорман го потврди првиот човек на полскиот клуб Киелце, Бертус Сервас.

Зорман во 2018 година ја заврши играчката кариера и веднаш беше прекомандуван во стручниот штаб на Талант Душебајев. 39-годишниот Зорман ако го преземе кормилото на Вардар ќе биде во ситуација како Парондо кој без тренерско искуство како прв човек на стручниот штаб го стабилизираше клубот и ја покори Европа.

После решавањето на тренерското прашање, Вардар, компплетно ќе може да се насочи кон ракометарскиот кадар и формирање на екипа за одбрана на тронот. Најави има многу, но се уште е рано да се шпекурали со некое конкретно име.

OhridNews