Актуелниот првак во Првата македонска фудбалска лига, Вардар се врати на врвот од табелата откако во Охрид ја совлада екипата на Гостивар 2-1 во заостанатиот натпревар од 18-та рунда.
Вардар на крајот од мечот сосема заслужено ги освои трите бодови, но, во текот на дуелот се играше изедначено, а пресуди искуството кое беше на страната од „гостите“.
Први поведоа фудбалерите на Вардар со голот на Петров во 34-та минута, пред крајот на првиот дел Гостивар изедначи на 1-1 со голот од пенал на Сефери. Трите бода со кои „црвено црните“ се вратија на првата позиција на табелата ги донесе Петровиќ.
Мх.П.