Во празнично релаксирана атмосфера фудбалерите на Вардар се подготвуваат за натпреварот на годината,реваншот во ½  финалето на македонскиот куп против Пелистер во Битола.По поразот од Ренова на Градски од 0-1 ,шансите за триумф во првенството им се сведоаа на теорија па Купот е единствента можност за излез во Европа и освојување на некој трофеј.

По најубедливиот триумф во мак превенстото против Влазрими 10-0 црвено-црните повторно се одлучиjа за Охрид и спокојството покрај Oхридското Eзеро.По првиот натпревар Вардарци имаат позитвен резултат 2-1 ,но резлутат кој го остава отворено прашањето за патникот во финалето.


Вардарци синоќа во Охрид се релаксираа со Лига на шампиони

– Знаеме што не чека во Битола, имаме 100 % ефект во досегашните дуели со Пелистер и очекувам тој тренд да продолжи  – вели Канатларовски .

Во изминатиот период од кога дојде на кормилото на Вардар ,Канатларовски мораше доста да менува, дури 18 играчи во изминатата година и пол го напуштија клубот.

 -Кога го презедов Вардар воопшто не очекував ваков расплет на случувањата ,но што е тука е. Се надеваме на пласман во финалето што би дошло како награда за работата во овој измината период. Се надевам на фер и коректна борба па подобриот нека победи, рече Канатлароски.

Во останатото полуфинале во Куманово играат Милано и Победа. По првиот натпревар прилепчани имаат предност од 2-1. Натпреварите се играат во 16.00.

Г. Момироски