Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Вардар со 2-0 го совлада Еуромилк во натпревар од 13-та рунда, кој се одигра во Охрид и прокнижи нови три бода на првенствената табела.
По првите 45 минути мрежите во Охрид мируваа, а од малкуте шанси за издвојување се двете закани на Влатко Гроздановски, кои не ја погодија целта. Најзрелата прилика за гостите ја имаше Ален Јашароски, кој од косо биеше во добро поставениот Игор Павловиќ.
Од првата шанса во вториот дел „црвено црните“ поведоа со 1-0 со голот на дефанзивецот Стефан Рељиќ во 54-та минута. Филип Петров кратко проигра од корнер со Хорхе Хименез, кој го пронајде осамениот Рељиќ во голманскиот простор и со глава го совлада Маџаровски.
Во 62-та минута „вардарци“ го дуплираа водството откако Ацо Стојков со лоб удар од непосредна близина по втор го натера Маџаровски да ја вади топката од сопстветаната мрежа.
Тетовскиот арбитар Бартон во 71-та минута досуди најстрога казна за „сините“, па ја преправи во слободен удар. Пандовски продре по десната страна, Цикарски стартуваше врз него, а без размислување Бартон покажа на белата точка.
По реакцијата на клупата од Вардар и краткиот разговор со првиот асистент Иса грешката беше исправена и беше досуден слободен удар за гостите, кој не донесе посериозна закана кон голот на Вардар.
Со серија измени во составот бранителот на трофејот во елитата ја легна играта и на гостинските фудбалери не им дозволија да го загрозат нивниот гол со што заслужено го „собраа“ целиот плен.
Мх.П.