Градот Брест и Ракометниот клуб Мешков ќе бидат домаќини на овогодинешното издание на фајнл-фор турнирот во регионалната СЕХА лига. Титулата ќе ја брани Вардар, а предизвикувачи ќе бидат домаќинот Брест Мешков, Загреб и Нексе.
- Наше големо задоволство е уште еднаш да го организираме завршниот турнир заедно со Мешков Брест и сигурен сум дека фајнл-фор турнирот ќе биде уште едно незаборавно искуство за Мешков Брест, градот Брест, фановите и белорускиот ракомет генерално. Мешков Брест е постојан учесник на фајнл-фор турнирот и заслужува да го донесеме таму најдоброто од регионот. Среќни сме што осмиот фајнл-фор ќе биде во Брест и ќе биде дел од милениумската фиеста на градот Брест. – изјавија челниците од СЕХА лигата.
Завршниот турнир ќе се одигра од 2 до 4 април.
OhridNews