Ракометниот клуб Охрид, в сабота на гостински терен во Скопје против Вардар Јуниор ќе го одигра мечот од петтата рунда во Супер лигата.
„Гладијаторите“ кои се во серија од три победи се изрази фаворотит против тимот кој е составен од млади ракометари од погонот на Вардар. Охриѓани ќе атакуваа на нова победа во пресрет на супер дербито со Бутел Скопје во следната рунда од Супер лигата. Натпреварот во Скопје се игра во 16 часот.
Петтата рунда ја отворија Бутел Скопје и Струга. Бодовите останаа во Скопје после триумфот на домаќините 32-18.
Двојки 5.рунда:
Бутел Скопје – Струга 32-18
Работнички – Металург
Вардар Јуниор – Охрид
Радовиш – Металург 2
Пелистер – Пролет
Табела: Бутел Скопје 12, Металург 10, Пролет 10, Охрид 9, Радовиш 6, Пелистер 4, Работнички 4, Вардар Јуниор 3, Металург 2 1, Струга 1
OhridNews