Ракометниот клуб Вардар со триумф 27-14 (14-6) над Охрид во преполната сала „Билјанини Извори“ ја започна одбраната на титулата во македонската ракометна Супер лига.

Скопските „црвено црните“ на дело го покажаа сиот свој квалитет и покажаа зошто пред себе го имаат епитетот европски шампиони, додека за „гладијаторите“ ова беше меч за престиж.

Гостинските ракометари отпорот на домашниот состав го скршија после 15 минути кога на семафорот стоеше 8-4. До крајот Вардар обезбеди предност од осум голови (14-6). 

Избраниците на Раул Гонзалес продолжија со истото темпо во второто полувреме и дојдоа до десет позитива 18-8. Домашните ракометари и покрај двоцифрената негатива не се предадоа и играа до последниот здив. Во финишот шанса за настап добија младинците од РК Охрид кои беа поздравени со бурен аплауз.

Во составот на Вардар најпрецизен беше Иван Чупиќ со седум голови, а по четири реализираа Тимур Дибиров и Јана Војводиќ. Кај охриѓани три постигнаа Јане Јанчев и Иван Тасески, а два пати прецизни беа Марко Кобетиќ и Бобан Блажески.

Во втората рунда од плејофот Охрид гостува кај Металург кој во воведното коло го совлада Пролет.

Фото: Емилио
Мх.П.