Веќе подолг период екипата на Вардар покажува интерес за голманот на Барселона, Арпад Штербик, но каталонците одредија висока оштета за неговите услуги.
За ангажман на Штербик македонскиот ракометен првак треба да го одврзе кесето и на каталонците да им исплати еден милион евра.
По одредувањето на оштетата сега на потег е Вардар, кој за следната сезона најави формирање на дрим тим.
Мх.П.