Ракометарите на Вардар се старо-нови шампион во македонската Супер лига. „Црвено црните“ со осум победи во исто толку мечеви на две рунди до крајот од сезоната ја осигураа 13-та титула во клупската историја.
Осмиот триумф со кој и математички ја обезбедија шампионската титулата, избраниците на Гарсија Парондо го остварија на домашен терен против Еурофарм Работник. Скопските „црвено црни“ славеа со 36-29 (19-14).
После освојувањето на титулата во домашниот шампионат, Вардар, може комплетно да се насочи кон завршниот турнир од Лигата на Шампиони. „Црвено црните“ на 1 и 2 јуни ќе бидат дел од Ф4, а силите во 1/2 финалето ќе ги одмерат со шпанскиот гигант Барселона.
Вардар сезонава ја освои втората титула. „Црвено црните“ триумфираа во СЕХА лигата, а изгубија од Металург во финалето од Купот на Македонија.
OhridNews