Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко има намера следната сезона да создаде дрим тим. По назначување на нов тренер Раул Гонзалез екипата се впушти по засилувања за оваа и следната сезона.

На листата се наоаѓаат верувале или не капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, најдобриот ракометар од последното Европско првенство Никола Карабатиќ, голманот на Барселона, Арпат Штербик, а кварталот од каталонскиот клуб го комплетира Рутенка.

Покрај овие желби „црвено црните“ веќе договорија два трансфери и тоа Сергеј Горбок и Даниел Шишкарев.

Мх.П.