Актуелниот првак во Првата македонска фудбалска лига, Вардар со минимални 1-0 го совлада Тетекс во Супер купот на Македонија.

„Црвено црните“ до триумф ги однесе Филип Петров во 53-та минута со погодок кој на крајот се покажа пресуден.

После овој мече се очекува мозаикот на Тетекс да се распадне, а дел од фудбалерите на Вардар да го напуштат клубот.

Мх.П.