Македонскиот ракометен првак Вардар со победата над Борац 28-24 во регионалната СЕХА лига го најави дуелот со Металург во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ иако настапија без половина тим немаа никави проблеми да стигнат до шестата победа во деветтиот натпревар во СЕХА сезонава.
Повеќе од јасно беше дека македонскиот првак ќе ги одмара најдобрите играчи како Дибиров, Чипурин, Душебајев, Растворцев, Неданоски и Ангелов за престојниот меч со Металург во ЛШ, кој е закажан за в четврток.
Мх.П.