Шпанскиот репрезентативец Хорхе Македа ќе премине во Вардар по завршување на есенската полусезона.


Во името на Македа, кој ги брани боите на француски Нант „црвено црните“ ќе добија супер засилување на десната бековска позиција, која е ранлива оваа сезона.

Македа за екипата на Вардар може да настапува во Лигата на шампиони бидејќи неговиот тим Нант сезонава не настапува во најеминетното натпреварување.

Тој со македонскиот вицепрвак потпиша договор од време траење на две и пол години.

Мх.П.