Со новите договори за Младен Петриќ, Добривоје Марковиќ и Немања Прибак екипата на Вардар ја подигнува атмосферата пред завршницата од Купот на Македонија, кој ќе се одигра викендов во Охрид.
Тројцата ракометарите се едни од најстарите по стаж во тимот на Вардар и затоа им беше понуден нов договор.
Претходно „црвено црните“ договорите ги продолжија со Тимур Дибиров, Ален Тоскиќ, Страхиња Милиќ, Игор Карачиќ и Илија Абутовиќ.
Вардар во 1/2 финалето од Купот на Македонија ќе се сретне со Тинекс Пролет.
Мх.П.