Новиот македонски ракометен владетел Вардар со измешани емоции ја прослави деваттата титула во националната Супер лига.
Крунисувањето на „црвено црните“ со медалите значеше и збогување со шест ракометари Добривоје Марковиќ, Алексеј Растворцев, Немања Прибак, Михаил Чипурин, Владимир Петриќ и Стефан Терзиќ кои среќата ќе ја бараат во нова средина.
Од шесте ракометари Прибак и Петриќ беа со најдол стаж во Вардар затоа и збогувањето со нив беше најемоционално.
Токму на нивниот грб „црвено црните“ неколку години ја градае екипата, која сега жнее медали во македонскиот ракомет.
Фото : Р.К. Вардар
Ohridnews